Услови на употреба

Последно ажурирање: 15 мај 2025

Добрејдовте на веб сајтот DajPobrzaj.mk. Со негово користење Вие се согласувате со овие Услови на употреба (како што се дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

Прифаќање на условите на употреба

Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие ("Вие" или "Корисник") се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за приватност и заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба и Условите за користење, збирно се нарекуваат Услови на употреба.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ DAJPOBRZAJ.MK, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА КУПОНИ ЗА ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

1. За веб сајтот

DajPobrzaj овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот dajpobrzaj.mk. Преку сајтот "DajPobrzaj.mk" одредени компании ("Продавачи") продаваат ваучери за услуги, производи или патувања. Продавачите се продавачи и издавачи на DajPobrzaj ваучерите. Единствено продавачот е одговорен пред Вас како Корисник за квалитетот на услугите и производите кои ги нуди и продава. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

2. Сопственост на веб сајтот

Сајтот, целата содржина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен се сопственост на DajPobrzaj. Со користење на овој сајт Корисникот се согласува со сите правила и услови изнесени во правлата и политиките објавени на веб страната, особено: (a) DajPobrzaj Ви овозможува лимитирана, лична, непреносилива, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од DajPobrzaj; и (б) Вие како Корисник се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од DajPobrzaj.

3. Употребување на сајтот

Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:

  • Имате најмалку 18 години
  • Сте правно способни да направите правна обврска
  • Не Ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
  • Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
  • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба и другите политики на DajPobrzaj
  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
  • Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели
  • Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци
  • Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
  • Ќе купувате само од понудите на Продавачите преку сајтот со креирање на профил на сајтот
  • Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување

4. Пристап до сајтот

DajPobrzaj го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Корисникот признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на DajPobrzaj, и DajPobrzaj не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет.

DajPobrzaj има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

5. Измена на Условите на користење

DajPobrzaj го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење, Условите за Употреба и/или од Политиката за приватност и заштита на лични податоци, Политиката за колачиња, како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки.

Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила веднаш со известувањето. Овие промени нема да важат за ваучери купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите.

6. Опрема за употреба на сајтот

Корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. DajPobrzaj не е одговорен за било каква штета на опремата на Корисникот како резултат од користењето на овој сајт.

7. Кодекс на однесување на Корисникот

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:

Поставување било каква содржина на сајтот која:

  • Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета)
  • Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации
  • Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети
  • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци
  • Има ефект на наметнување на другите
  • Содржи пораки од неовластени лица од DajPobrzaj, кои наводно зборуваат во име на DajPobrzaj или даваат доверливи информации поврзани со DajPobrzaj
  • Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци
  • Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречна согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

8. Вашата приватност

Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за приватност и заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци.

9. Услови на купување

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.

10. Специјални програми

Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од DajPobrzaj Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

11. Авторски права и трговска марка

Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други права од интелектуална сопственост и сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт ("dajpobrzaj") е во ексклузивна сопственост на DajPobrzaj.

СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД DAJPOBRZAJ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО.

12. Непосакувани идеи

Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои непосакувани идеи пренесени директно или преку било кој вработен во DajPobrzaj, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции.

13. Општи услови за гаранција

КОРИСНИКОТ ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е НА НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ DAJPOBRZAJ, НЕГОВИТЕ ОСНОВАЧИ И СОПСТВЕНИЦИ, НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ.

14. Ограничување на одговорноста

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ DAJPOBRZAJ, НЕГОВИТЕ СОРАБОТИЦНИ И НИВНИТЕ ОСНОВАЧИ И СОПСТВЕНИЦИ, ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ И СОРАБОТНИЦИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ ШТЕТИ И КАЗНИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА САЈТОТ, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ САЈТОТ, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА САЈТОТ, (Г) ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ САЈТОТ, ИЛИ (Д) ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА.

15. Електронска комуникација

Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до DajPobrzaj, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот.

16. Содржина на трети лица

DajPobrzaj, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и крајни корисници. Соодветно на тоа, DajPobrzaj нема уредувачка контрола врз таквите содржини како и секоја јавна библиотека или книжарница.

17. Применлив закон и надлежен суд

Овие Услови на употреба се раководат и толкуваат според законите на Република Македонија, без оглед на нејзините конфликтни правни принципи. Ако било која одредба од овие Услови за користење се смета за незаконска, неважечка или неспроведлива од страна на надлежен суд, преостанатите одредби од овие Услови за користење ќе останат во целосна сила и дејство.

Контакт

За сите прашања поврзани со условите на користење, можете да не контактирате на:

Email: [email protected]