Политика за заштита на лични податоци

Последно ажурирање: 15 мај 2025

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на платформата за електронска трговија - веб страната DajPobrzaj.mk и објаснува како ги користиме Вашите податоци, при користење на нашата електронска платформа за трговија, односно веб сајт www.dajpobrzaj.mk, мобилната апликација DajPobrzaj.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со оваа Политика за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.

Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт Вие автоматски се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, треба да ја напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци со ажурирани детали за нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот, промена на начините за користење и пренос на податоци, нови услови и начини за користење и сл.

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и технички (Не-лични) податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на DajPobrzaj.mk;
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
  • контактирате со нашата корисничка поддршка
  • давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници;
  • оставате коментари на сајтот;
  • ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
  • се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
  • давате информации на наши Бизнис провајдери;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот ("Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.

ТЕХНИЧКИ (НЕ-ЛИЧНИ) ПОДАТОЦИ

Технички, Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, Вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел.

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

Иако податоците се користат со добра намера и за законски легитимни и оправдани цели, за да го подобриме Вашето искуство и трговија, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која DajPobrzaj ја има со Вас.

(а) Промотивни е-маил пораки

При самата регистрација Вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас.

(б) Колачиња и други технологии

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата "Поставки на колачиња" која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.dajpobrzaj.mk. За повеќе информации Ве молиме посетете ја "Политиката за колачиња".

3. За кои цели ги користиме податоците

Ние (или нашите "Бизнис Провајдери") ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со заради остварување на законски и легитимни цели во електронската трговија и со конкретна цел:

  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
  • понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
  • да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;
  • да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу DajPobrzaj и нашите бизнис соработници;
  • да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
  • да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
  • да Ви овозможиме да аплицирате за работно место, да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите Бизнис соработници или други трети страни преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме.

4. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

5. Вашите права и контакт

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на промена, ограничување и престанок на обработката на личните податоци
  • право на приговор

6. Политика за заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)

DajPobrzaj не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на DajPobrzaj изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

7. Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Се смета дека Корисниците ги прочитале и прифатиле промените со фактичко користење на страницата и веб услугите.

Контакт за заштита на лични податоци

За сите прашања поврзани со заштитата на вашите лични податоци, можете да не контактирате на:

Email: [email protected]